8 прашања со Срѓан Динчиќ

На 22-ри октомври во Кино Фросина (МКЦ) за прв пат со својот нов комичен материјал „Во процес“ ќе настапи Срѓан Динчиќ – еден од најдобрите комичари на Балканост со богата стенд-ап, но и телевизиска кариера. Билетите се достапни на bileti.mkc.mk и на билетарата на Младинскиот Културен Центар.

Skopje Comedy му постави неколку прашања на Срѓан:

1.Зошто баш стенд-ап?

Стенд-ап комедијата е форма која за мене е поим за слобода. Сè што се случува на сцената зависи исклучиво од изведувачот, тој е одговорен за се, но сноси одговорност и за се. Верувам дека не може да биде поправедно од тоа.

2. Што те инспирира при креирање на нов материјал?

Мојата инспирација е начинот на кој функционира светот околу нас. Секогаш кога пишувам за нов настап, некои други работи ми го привлекуваат вниманието и секогаш се трудам настапот да биде колаж составен од повеќе пократки, различни теми.

3. Топ 3 стенд-ап комичари според тебе?

Луис СК, Рики Џервејс и Џим Џефрис.

4. Дали постои стенд-ап култура во Белград?

Сега веќе можеше да се каже дека постои, организацијата Standup.rs дефинитивно додаде уште една ставка во културната понуда на Белград со отпочнување на првиот стенд ап комичен клуб и со континуирана квалитетна работа.

5. Најголем професионален предизвик?

Најголем предизвик е секоја наредна изведба да ја направиш подобра и подуховита од претходната, да биде доволно различна, а сепак да бидеш доволно стилски препознатлив за публиката да може да ја идентификува со твоите претходни дела.

6. Највпечатлива реакција од публика досега?

Неодамна имав настап на Стендап Фест каде што кажував вицови стари повеќе од десет години од почетокот на мојата кариера, а со кои одамна немам настапувано. Пред настапот ме контактираше човек кој ја донесе неговата седумнаесетгодишна ќерка бидејќи сакаше таа да слушне што го насмеа пред десет години. Го сфатив тоа како голем комплимент за мојата работа.

7. Нешто интересно за тебе што не го знаат многу луѓе?

Во основа, како содржина за настапите користам се што е дури и поинтересно во мојот живот. Има малку што се уште не сум го споделил со јавноста. Можеби не е познато дека не можам да чучнам. Иако спортувам никогаш не сум можел да чучнам без да ги подигнам петите. Така, ако чучнам со целото стапало на земја се превртувам на грб како смрдибуба.

8. Совет за надежни стенд-ап комичари?

Стенд-ап комедијата не се прави со сила, потребен е талент за да се стане стендап артист, а за да се остане стенд-ап артист бара многу работа.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *