На 28-ми ноември, во 20 часот, за прв пат на сцената во Кино Фросина (МКЦ) како стенд-ап комичар, наместо како глумец, ќе застане Бојан Кирковски кој реши да зборува за нихилизмот, алтуризмот и стоицизмот. Но, не разбираше ништо од тоа, па затоа реши да зборува за себе. Повелете, да му се смееме.
Билетите се во продажба на билетарата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk
1. Зошто баш стенд-ап?
Зашто сум искомплексиран и сакам само мене да ме гледаат и да го слушаат она што само јас го
мислам.
2. Што те инспирира при креирање на нов материјал?
Глупоста ја љубам најмногу.
3. Топ 3 стенд-ап комичари според тебе?
George Carlin, Jim Jefferies , Bill Burr
4. Која е разликата помеѓу Бојан – глумецот и Бојан – стенд ап комичарот?
Разликата е во тоа што едниот игра различни карактери и ги живее нивните проблеми а другиот раскажува за различни карактери и нивните проблеми. Заедничкото што го имаат е Бојан.
5. Најголем професионален предизвик?
Да останам она што сум и да не се извалкам.
6. Највпечатлива реакција од публика досега?
Крвав си значи еј.
7. Нешто интересно за тебе што не го знаат многу луѓе?
Дека јас всушност сум добар човек.
8. Совет за надежни стенд-ап комичари?
Што по дрско и што по искрено и забавувајте се.
Настапот на Бојан Кирковски ќе го отвори Мирослав Петковиќ ака Чико Брко, лик кој ја кажува својата вистина а дали ќе се насмееш или не, од тебе зависи. Многу сака да лае или ко што викаат некои ,,да јаде гомна”! Обожава да дискредитира неспособни луѓе на позиции всушност обожава да им прави се, се ама баш се! Најбитна работа во светот покрај јадење гомна му е травата. Ако травата е добра ќе има смеење а ако е лоша некој ќе го јаде!
Се гледаме на 28-ми ноември во Кино Фросина!