8 прашања со Ненад Шиља Стефановски

Додека чекаме да се спакува и да дојде на 9-ти, еве едно кратко интервју со Ненад Шиља Стефановски – комичар во Белград, скопјанец во душа.

Ненад вели: „Пред све, да се извинам ако има грешки у куцање, граматика… последно нешто што сум напишал на македонски било 1999 во 4-то одделение и за тоа добив единица.“

1. Зошто баш стенд-ап?

Доаѓам од земја која има природен смисол за хумор. Тоа може да се примети на секое собирање на фамилија, друштво… Каде и собрани повеќе од двајца, ќе почнат да се шалат. Такви сме и тоа е една од особини која многу ја сакам кај скоро сите балкански народи. Ние и кога се караме на YouTube во коментарите човек може да се кине од смеење.

Покрај тоа израснав со К-15 – моите херои како дете. Никаков Бетмен, Супермен… Ги знаев сите скечеви на памет и на секој голем одмор ги раскажував на другарите, а на секое фамилијарно собирање имав настап со тие скечеви.

Се сеќавам дури на една школска приредба за првачиња сите требаа да играат оро, пеат, рецитираат, јас инсистирав да изведувам скеч од К-15. Бев второ одделение, имав доста трема и кога искочив на бина видов дека во публика седат Цацко и Миле. Некое прваче им било роднина, па му правеле друштво. Во тој момент имав толкава трема да сакав да играм оро, пејам и рецитирам у исто време, само за да не настапам пред нив.

Сите што се сакаме да се бавиме со стенд-ап, долго време сме биле терет на блиските, додека не почнеме реално бавиме со оваа работа и конечно имаме прилика да избациме вишок енергија на сцена. Баш како деца со вишок енергија, таа мора да се извади на некој начин и одиш на open mic и ако си добар, почнуваш да го работиш ова. Кога во 2014-та победив на open mic, мојата фамилија повторно почна да комуницира со мене.

2. Што те инспирира при креирање на нов материјал?

Стенд-ап за мене е критика на општеството, на појави во општеството. Кога и да мислам дека нешто не чини или е глупо до крајна мерка, ќе се обидам да го претворам во стенд-ап. Сообраќај, образовниот систем, здравство, политика, војни… на секој чекор има работи кои се вредни да се критикуваат низ хумор.

3. Топ 3 стенд-ап комичари според тебе?

Patrice O’Neal, Bill Bur, Louis CK.

Искрено, и ние последниве години не заостануваме по квалитетот. Има одлични комичари како Aleksandar Perisic, Nikola Todoroski, Goran Vincic, Nikola Silic, Srdjan Olman… 

4. Како изгледа стенд-ап сцената во Белград?

Како и целиот Балкан. 15 комичари, 3 организации, кланови, карање околу историја, кој бил прв комичар и каде, кој е подобар и зошто, итн. Ние покрај талентот за хумор имаме и талент да се караме и мразиме. Ама тоа на страна, има многу талентирани комичари! Последниве години има се помлада публика и тоа е најважно. 

5. Најголем професионален предизвик до сега?

МНТ. Откако почнав да се бавам со комедија добивам понуди да настапам во Македонија. Не знам да објаснам зошто отсекогаш ми бил најголем страв. Имав настап во МНТ (со Сашко Коцев и пријателите) и за тие 20 минути на сцена ослабнав 20 кг.

Исто, клубските настапи се предизвик! Публиката е тука, пред тебе, можеш да ја видиш и осетиш секоја реакција, така што овој настап во Скопје ќе ми биде најголем предизвик до сега.

6. Дали мислиш дека ќе беше стенд-ап комичар ако останеше во Скопје?

Апсолутно. Верувам дека истите работи што ме нервираат во Белград би ме нервирале и во Скопје.

7. Нешто интересно за тебе што не го знаат многу луѓе?

Секое доаѓање во Скопје мора да помине со една добра чкембе чорба! Ја има и во Белград, ама дома е најслатка. Имам и мачка и куче на кое сум алергичен. 20 години се бавам со јавање и нормално дека сум алергичен на коњи. Верен сум… не сум алергичен на тоа.

8. Совет за надежни стенд-ап комичари?

Само да бидат искрени во својот стенд-ап. Публиката е жити која секогаш ќе препознае неискреност. Фори не се пишуваат само затоа што се така напишани смешни, тоа се вицеви. Стенд-ап е тешка форма на изведба во која сам пишуваш, режираш, изведуваш и при сето тоа – искреност помага. Пишувајте што ви е смешно, што сте приметиле, што на вас ви се случило и секогаш почитувајте ја публиката!

Се гледаме на 9-ти во МКЦ клуб ресторан со Шиља и open mic night. Билети 👉 https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1037

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *