се што ќе биде, било и поминало
ЕДВАЈ ЧЕКАМЕ!
![](https://skopjecomedy.mk/wp-content/uploads/2023/11/B_FamDM_SH_InstaPost2Programa-768x960.jpg)
Приказна за фамилијата Мраз 🎅🏼
Оп - троп
Кој чука на големата порта
Па тоа е најспектакуларната претстава за Дедо Мраз
Магичната детска претстава "Приказна за фамилијата Мраз" ќе ни открие чудесен свет, во кој постојат дури двајца Дедо Мразовци.
И тој свет е навистина волшебен!
Играат: Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и се разбира - Дедо Мраз!
Дизајн на плакат и костимографија: Бранкица Јордановска
Музика: Дина Јашари и Лука Тошев
Да ја прославиме сезоната со смеа, љубов и радост! Се гледаме во Кино Милениум!
![](https://skopjecomedy.mk/wp-content/uploads/2023/10/fb-cover-skoplje-stari-i-novi-datum-mk-768x433.png)
САНДРА СИЛАЃЕВ – ДЕЈТ 🌺 - ВТОРО ШОУ
ПОРАДИ ОГРОМЕН ИНТЕРЕС - ВТОРО ШОУ НА САНДРА СИЛАЃЕВ ВО СКОПЈЕ
Квалитетни содржини може да се пронајдат во различни форми на уметноста.
Таков е случајот со претстави во кои може да уживат различни генерации.
Со монодрамата ДЕЈТ, комичарката Сандра Силаѓев, во епицентарот на приказната го поставува очекувањата и надежите наспроти можеби помалку убавата реалност.
И се чини, дека со оваа монодрама допира до многу гледачи кои се наоѓаат во нејзината приказна.
ХИТ претставата ДЕЈТ, во изведба на Сандра Силаѓев на 10 октомври во Скопје
Филхармонија, 21 часот.
![](https://skopjecomedy.mk/wp-content/uploads/2023/10/sandra-skoplje-640-x-420-1.png)
САНДРА СИЛАЃЕВ – ДЕЈТ 🌺
Квалитетни содржини може да се пронајдат во различни форми на уметноста. Таков е случајот со претстави во кои може да уживат различни генерации. Со монодрамата ДЕЈТ, комичарката Сандра Силаѓев, во епицентарот на приказната го поставува очекувањата и надежите наспроти можеби помалку убавата реалност. И се чини, дека со оваа монодрама допира до многу гледачи кои се наоѓаат во нејзината приказна. ХИТ претставата ДЕЈТ, во изведба на Сандра Силаѓев на 09 октомври во Скопје Филхармонија, 21 часот.
НИЗ ШТО ПОМИНАВМЕ...
Во Процес | Стенд-ап шоу на Срѓан Динчиќ
Skopje Comedy во соработка со Standup.rs, ви одржа успешна средба на 22-ри октомври 2022 во 20:30 меѓу скопската публика и Срѓан Динчиќ кој настапи со неговото ново стенд ап шоу „Во процес“ - во Кино Фросина (МКЦ). За Срѓан Динчиќ нема што да се додаде што веќе не го знаете. Најдобриот комичар на Балканот, и тоа не го кажуваме ние, туку некои други луѓе.
Никола Радојловиќ и
стенд-ап ѕвездите од Охрид
Незаборавна вечер со 5 комичари! На сцената се качија момците од Охрид со својот BEST OF материјал: Никола Братучет Силјаноски, Јован Цветкоски, Зоран Донев и Илија Богданоски. А по нив шоуто го презема талентираниот српски комичар Никола Радојловиќ кој настапи со неговиот special од 2021-ва година наречен „Мала непријатност“.
Радомир Несторовиќ и
прв OPEN MIC
Прв open mic каде за прв пат на сцената со свој краток материјал се качија и претставија храбрите и талентирани Дамјан Коложек, Оливер Митковски и Бојан Кирковски.
Ѕвезда на вечерта беше Радомир Несторовиќ кој успеа да не насмее до солзи со својот нов special „Без притисок“.