кои сме, што сме?

Зошто?

Стенд-ап комедијата е една од најстарите, најуниверзалните, основни и суштински важни форми на хумористичниот израз. Тоа е чиста форма на комуникација меѓу изведувачот и публиката, своевиден театарски перформанс кој постои и е етаблиран во разни култури низ историјата.

Хуморот е важен социолошки и културен феномен, а стенд-ап комедијата е веќе неодделив фактор и една од најважните манифестации на хумор во денешната популарна култура. Стенд-ап комедијата може да се смета како склоп од добро организирани околности во кои изведувачот, публиката и просторот во кој што се изведува перформансот допринесуваат во реализацијата на изведбата/шоуто/перформансот.

А Скопје Комеди...

се роди од желба и надеж за зацврстување на стенд-ап комедијата како културен феномен и етаблирање на квалитетна сцена со презентирање на високо квалитетни комичатри од домашната, Балканската и Светската сцена. 

Во денешницата во која живееме стенд-ап комедијата подразбира и конструктивен критицизам на сегашниот цајтгајст, а низ историјата е познато дека секој вид на конструктивна критика подразбира промена и прогрес на културно, но и на општествено ниво. Стенд-ап комедијата е важен фактор во денешното живеење, како и културен феномен и уметничка форма која е дел од секојдневието на модерниот човек. 

Ние сме